ЕХФ го објави ол стар тимот на ЕП во Хрватска непосредно пред стартот на последните два меча на шампионатот.
Финалистите Шведска и Шпанија во ол стар тимот имаат по тројца претставници.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во изборот на ол стар тимот беа застапени 60% од гласовите на експертите, додека 10.000 фанови беа глас за останатите 40%.
Најдобриот тим на шампионатот мина без македонски претставници иако на листата се најдоа Филип Талески и Стојанче Стоилов.
Ол Стар тимот го сочинуваат:
Винсент Жерар (Франција) – голман
Мануел Штрлек (Хрватска) – лево крило
Микел Хансен (Данска ) – лев бек
Сандер Сагосен (Норвешка) – среден бек
Јеспер Нилсен (Шведска) – пикер
Алекс Душебаев (Шпанија) – десен бек
Феран Соле (Шпанија) – десно крило
Јакуб Гојун (Хрватска) – дефанзивец
МВП: Џим Готфридсон (Шведска)