Дома Фудбал Германија Во Минхен седум погодоци, пресврт и победа на Баерн, „милионерите“ се „извадија“ во финишот

Во Минхен седум погодоци, пресврт и победа на Баерн, „милионерите“ се „извадија“ во финишот

Во рамките од 20 коло во германската Бундес лигата денес во терминот од 15:30 часот се одиграа пет натпревари.

Баерн Минхен славеше победа од 5:2 против Хофенхајм во натпреварот на кои имаше и најмногу погодоци.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Натпреварот за домаќините воопшто не почна добро. Серж Гнабри не реализираше пенал, но топката стигна до Утх кој ја смести во мрежата на Баерн. Човекот кој не погоди од белата точка погоди во 12 минута за веќе предност од 0:2.

Домаќинот се разбуди во 21 минута кога намали преку Роберт Левандовски, а само четири минути подоцна Боатег погоди за 2:2. Резултат со кој се замина на полувремето.

Во вториот дел за целосен пресврт погодуваа Кингсли Коман, Артуро Видал и новото засилување Сандро Вагнер.

Работите за Борусија која играше против Фрајбург беа спротивни во однос на натпреварот на Баерн.

Тука „милионерите“ први стигнаа до предност и тоа во деветата минута преку Кагава, но Фрајбург со головите на Петересен направи целосен преврт и стигнаа до водство од 1:2. За реми и бод во финишот погоди Тојлан.

Во останатите натпревари Шалке го совлада Штудгарт со 0:2, додека натпреварите помеѓу Лајпциг и Хамбургер, односно Келн и Аугусбург завршија без победник 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Случајот конечно доби разрешница: Како се развиваа настаните околу Лукаку

Ромелу Лукаку ја прекина тишината и конечно даде објаснување за неговото отсуство од Напол…