Дома Тенис Дојде крајот на корејската сензација: Чунг го предаде мечот против Федерер

Дојде крајот на корејската сензација: Чунг го предаде мечот против Федерер

Швајцарецот во финалето на Мелбурн ќе се сретне со  Марин Чилиќ.

Можеби и најдобриот тенисер на сите времиња, Роже Федерер е блиску до освојувањето на 20 гренд слем трофеј во кариерата. Швајцарецот се пласираше во финалето на Австралија Опен откако денес Хјун Чунг го предаде мечот во вториот сет.

Федерер за еден час игра ја прегази корејската сензација Чунг и водеше со 6:1 и 5:2. Кога младиот Кореец го предаде мечот поради болки во стапалото.

Швајцарецот за 20 грен слем трофеј во кариерата ќе се бори со Марин Чилиќ. Доколку го освои ќе стане првиот тенисер со освоени 20 грен слемови. Тој успех до сега го постигнаа само три тенисерки: Серена Вилијамс, Штеф Граф и Маргарет Корт.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Куманово собира 16 ветерански екипи, МКД Мастерс по место во завршницата

Мастерс Куп 2026 се игра на 13 и 14 ноември во Куманово. Домаќинот МКД Мастерс има три гру…