Дома Фудбал Видео: Ноу Камп со овации го испрати Маскерано во Кина

Видео: Ноу Камп со овации го испрати Маскерано во Кина

Аргентинскиот фудбалер Хавиер Маскерано синоќа со големи овации на навивачите на Ноу Камп ја заврши својата кариера во Барселона.

Маскерано, кој пред неколку месеци најави дека наскоро ќе го напушти клубот, својата кариера ќе ја продолжи во Кина и тоа во екипата на Хабеи.

Барселона на име обештетување треба да заработи околу 5.5 милиони евра, а Маскерано синоќа луѓето од клубот, соиграчите и навивачите го испратија на величествен начин.

Маскерано во 2010. година во Барселона пристигна од Ливерпул, а за каталонскиот клуб одигра 333 натпревари и постигна само еден погодок и тоа од белата точка.

Аргентинецот одигра една блескава кариера во Барселона во која помеѓу останатото освои двапати Лига на шампиони, четири лигашки титули, четири куп титули и двапати го освои Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…