Новиот фудбалер на Барселона, Фелипе Кутињо дебитираше за каталонскиот клуб во натпреварот од четвртфиналето во Кралскиот куп против Еспањол.
Бразилецот во дуелот против својот поранешен клуб одигра 20тина минути, а за тоа време не направи ништо посебно иако беше приметливо дека се отвараше, бараше топки и се обидуваше да се претстави во добро светло. Имаше и неколку убави потези, но најдоброто од него допрва се очекува.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Кутињо се опорави од повредата и ова му беше прв натпревар после месец дена, а се очекува веќе за викендот против Алвес да биде стартер.
Довчерашниот играч на Ливерпул во игра влезе во 68. минута наместо легендарниот Иниеста, а таа измена може да биде сликовит пример на смена на една генерација која полека се најавува во Барселона.
Philippe Coutinho vs Espanyol.
A very promising debut from the little magician. The best thing is that he will only keep on growing and getting better and better. pic.twitter.com/Bc4mnWFjit
— fabiano™ (@XaviTempo) January 25, 2018