И без две победи Македонија може да обезбеди полуфинале но во еден речиси неверојатен расплет на настаните и резултати од натпреварите кои само нас би ни одговарале.

Извесно е дека со две победи во натпреварите со Чешка и Данска Македонија е сигурен полуфиналист, но постои шанса и со победа и нерешено дa одиме понатаму.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За тоа да се случи, утре во 18:15 часот навиваме за Словенија да победи против Шпанија.

Од двата преостанати противници до крајот на оваа фаза се чини Чешка е тимот со кој имаме повеќе шанси, па тука можеме да се надеваме на победа.bПотоа ни треба бод со Данска, односно нерешен резултат и на крајот, во последното коло веднаш по нашиот меч, треба натпреварот меѓу Германија и Шпанија да заврши нерешено.

Во таков случај Македонија би била втора со 6 бода, пред Шпанија и Германија со 5.

Иако ова се граничи со научна фантастика, сепак како теорија, можно е да се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …