Реал Мадрид со убедливи 7:1 го победи Депортиво на „Сантијаго Бернабеу“, така „Кралевите“ конечно наговестија дека се враќаат во претпознатливата форма.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона ова го свати како „ракавица во лицето“ и на незгодното гостување против Бетис посигна пет гола. И тоа сите пет гола во второто полувреме. Голови постигнаа Иван Ракитиќ и по два Меси и Суарез. Најдобриот играч во историјата, Лионел Меси се вклучи во натпреварот некаде половина час пред крајот, но тоа му беше доволно за да постигне два гола и да запише една аситенција.
Сепак, неговиот потег од 85. минута „вреди повеќе“ од гол или асистенција за големата победа и одржувањето на 11 бода предност пред Атлетико. Нелсон Самедо му ја додаде топката длабоко во половината на Барселона, пред казнениот простор. Меси ја прими топката, ја спушти главата во теренот и започна со неговите „магии“.
Противниците се обидоја да го спречат и со недозволени средства, а дури и голем број на домашни навивачи го поздравија волшебникот со силен аплауз.