Дома Топ вести Трансфери во живо: Перез спрема светски рекорд, Санчез и Михтаријан на прегледи, Стариџ замена за Џеко

Трансфери во живо: Перез спрема светски рекорд, Санчез и Михтаријан на прегледи, Стариџ замена за Џеко

И во текот на зимскиот преоден рок нашата редакција правовремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер новости. БИДЕТЕ СО СПОРТСКИ И БИДЕТЕ ВО ТЕК

-Англиските медиуми пренесуваат дека Самир Насри би можел да се врати во Премиер лигата. Неговиот агент започнал преговори со Вест Хем.

-Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез спрема голема реконструкција следното лето и е спремен да го сруши светскиот трансфер рекорд.

-Рома се вклучи во траката по Даниел Стариџ. „Волчицата“ сака да го донесе напаѓачот на Ливерпул како замена за Един Џеко кој би можел да се пресели во Челзи.

-Денес би требало да биде комплетирана големата размена помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал. Санчез пристигна на преглеси во Манчестер, а Михтаријан е на прегледи во Лондон.

–Жоао Марио ги одби сите понуди и ќе остане во Интер. Неколку клубови се интересираа за неговиот потпис меѓу кои, Севиља, Евертон и Вест Хем, но Португалецот кажа НЕ.

-Ватфорд денес одлучи да го отпушти тренерот Марко Силва после серијата на лоши резултати. Ова одлука е „чудна“ бидејќи пред само еден месец Евертон им нудеше 15 милиони фунти како обештетување за тренерот.

-Челзи и Рома и понатаму се во преговори за трансфер на Емерсон Палмери и Един Џеко. „Сините“ понудија 50 милиони евра, но „волчицата“ бара 10 милиони евра повеќе.

-Играчот за врска Жоржињо постигна договор за продолжување на соработката со Наполи до 2022 година, а според новиот договор ќе заработува 3 милиони евра по сезона.

–Рафиња денес би требало да пристигне во Милано на медицински прегледи, а утре и официјално да стане нов фудбалер на Интер.

-Денес светските медиуми пренесоа шокантна информација. Имено, УЕФА спрема промена на правилата на трансфер пазарот со цел да ги спречи трошењето на „луди“ пари за трансфери.

– „Скај Спорт“ пренесува дека Челзи е заинтересиран за напаѓачот на Барнли, Ешли Барнс.

– Арсенал постигна комплетен договор со Обамејанг за 3,5 годишна соработка, а напаѓачот ќе добива 170.000 фунти неделно. Меѓутоа, недостасува договор помеѓу двата клуба.

– Алексис Санчез на својот Инстаграм профил објави видео како со приватен авион слетува во Манчестер на медицински прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…