За обложувалниците велат дека се секогаш добро информирани и дека имаат одлични проценки при одредување на коефициентите. Но, во случајот со Македонија и со нејзините настапи во групната фаза обложувалниците “дебело промашија“.
Новите коефициенти, што важат за главната фаза, повторно ја ставаат Македонија во подредена положба, без никакви шанси за пласман во полуфиналето и борбата за медали.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Што се однесува на коефициентите што важат за главната група 2, најголеми шанси и се даваат на Данска (1,90), а потоа на Шпанија (3,85) и на Германија (4,65). Македонија тука е на средината, со коефициент од 15,75. Полошо од нас котираат Словенија (30) и Чешка (62).
Кога, пак, се работи за фаворитите за шампионската титула, според букмејкерите најблиску до титулата е Франција (3,20), пред Данска (3,80), Германија (6,00), Норвешка (8,25), Шпанија (8,50), Хрватска (9,00) и Шведска (11.75). Македонија на овие листи е дури осми кандидат за титулата, со коефициент 28,00. Зад нас се Словенија (52,00) и Чешка (125,00). Без никакви шанси се Србија и Белорусија.
Сепак, и обложувалниците не се безгрешни, па на нашата репрезентација и преостанува уште еднаш да ги сруши прогнозите.