На денешната конференција за медиуми Словенција зборуваа за тоа дали ќе го продолжат натпреварувањето, како и двата натпревари, против нас и против Германија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако се најавуваше дека би можеле да го напуштат Европското првенство, сепак тие ќе продолжат со настапите. Во текот на изјавата Словенците го споменаа и натпреварот против нашата репрезентација.
„Остануваме на Европското првенство, но навистина сме разочарани од третманот на судиите кон нас на овој турнир. Во првиот натпревар против Македонија главните судиите имаа чуден критериум, додека против Германија следуваше огромна повреда на правилата. Секако, дека испративме жалба да о ЕХФ, но истата беше одбиена“, изјави претседателот на Сојузот Фрањо Бобинац.