Алексис Санчез сигурно ќе го напушти Арсенал во зимскиот преоден рок, а фаворит за неговиот потпис е Манчестер Јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако се чинеше дека Манчестер Јунајтед веќе го довори трансферот на Чилеанецот, сепак на трансферот ќе се почека уште малку бидејќи 29-годишниот напаѓач се уште не донел конечна одлука.
Новинарот на „Скај Спорт“ Гилем Балаге тврди дека во траката за неговиот потпис се вклучил мистериозен клуб кој е спремен да испрати понуда до Арсенал и со Санчез.
Иако не се знае точно за кој клуб станува збор, многу медиуми тврдат дека во прашање е шпански клуб. Се претпоставува дека станува збор за некој од мадридските клубови, Атлетико или Реал.
Ваквата ситуација само додатно ќе го искомплицира трансферот на Санчез на „Олд Трафор“, па можно е во следните денови да бидеме сведоци на нов пресврт.