Реал Мадрид оваа сезона игра под сите очекувања, па се позасилени се шпекулациите дека на лето ќе има радикални промени на „Сантиаго Бернабеу“.
Последната информација која ја пласираа шпанските медиуми е дека Маурисио Покетини и Хари Кејн од Тотенхем во „пакет“ ќе се преселат во Мадрид за да ги заменат Зинедин Зидан и Карим Бензема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на „кралевите“ смета дека Покетино ќе биде идеална замена за Зизу, а неговите симпатии кон Хари Кејн се добро познати од поодамна.
NOTÍCIA | Segons ha pogut saber #laporteria, el golejador del Tottenham Harry Kane i el seu entrenador Mauricio Pochettino signaran pel Reial Madrid la propera temporada.
⚠ Informació ampliada a les 14.25 h a @beteve. #RealMadrid #Tottenham #mercato #betevé pic.twitter.com/l5iazmGkqY
— La Porteria (@Laporteriabtv) January 17, 2018
Оваа вест денес ја пренесе шпанската телевизија „La Porteria“, а претходно „Марка“ излезе со вест дека главната цел за централен напаѓач е Роберт Левановски кој треба да формира ново напаѓачко трио заедно со Нејмар и Азар (види ОВДЕ).