Аргентинецот искрен, но можеби и премногу…
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Карлос Тевез се врати во својата Бока после само една година.
Тој од минатиот до овој јануар беше најплатен фудбалер на светот со 650.000 евра неделно.
Сепак, според неговата изјава во Кина бил на одмор.
„Беше навистина убаво, бев на одмор седум месеци“, изјави Тевез и продолжи.
„Само што пристигнав во Кина, посакав да се вратам во Бока. Тука фудбалот е поинаков. Навивачите многу подобро се однесуваат кон вас. Во Кина уживав, но не во фудбалот. Немам проблем со тоа што ме критикуваа претседателот и тренерот на Шангај. Не знам воопшто што јас правев таму“, изјави Тевез.
Да потсетиме, Тевез сега потпиша договор со Бока во важност од две години.