Дома Трансфер зона Раиола: Микхтаријан е „клучот“ за трансферот на Алексис Санчез во Јунајтед

Раиола: Микхтаријан е „клучот“ за трансферот на Алексис Санчез во Јунајтед

Познатиот италијански агнет Мино Раиола одлучи во јавноста да зборува по повод големите најави за трансфер на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед.

Јунајтед во овој момент е прв фаворит да го доведе Санчез, но Раиола смета дека клучот за овој трансфер го држи неговиот клиент Хенрик Микхтаријан.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Раиола кој го застапува фудбалерот на Јунајтед беше јасен во изјавата за „Тајмс“.

„Манчестер Јунајтед ќе го доведе Санчез само доколку Микхтаријан се согласи да премине во Арсенал“, јасен беше Раиола.

Жозе Мурињо во вчерашниот натпревар против Стоук (3:0) го изостави Микхтаријан од составот за оваа средба, а неговото објаснување беше дека во тимот не му се потребни фудбалери кои со мислите не се во клубот.

Треба да се истакне и дека ерменскиот новинар Тибо Везиријан, утрово тврдеше дека Микхтаријан прифатил да се пресели во Арсенал и дека трансферот на Санчез во спротивен правец е договорен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…