Дома Трансфер зона Де Геа во Манчестер Јунајтед до 2020 година

Де Геа во Манчестер Јунајтед до 2020 година

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо потврди дека Давид де Геа наскоро ќе стави потпис на нов договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот договор на Де Геа со Манчестер Јунајтед истекува во 2019 година, меѓутоа „црвените ѓаволи“ имаат опција да ја активираат клаузулата и автоматски да го продолжат договорот за уште една година.

Од „Олд Трафорд“ сигурно ќе ја искористат таа опција и ќе го задржат Де Геа најмалку до 2020 година.

„За голман како него и клуб како овој е нормално дека нема да дозволиме таа опција да остане неискористена. Раководството на клубот спрема за Давид нов договор со кој ќе може да остане во клубот многу, многу долго“, истакна Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…