Дома Трансфер зона Лукас потврди: Го напуштам ПСЖ!

Лукас потврди: Го напуштам ПСЖ!

Крилниот напаѓач на Пари Сент Жермен, Лукас Муора призна дека во зимскиот преоден рок ќе го напушти клубот.

Бразилецот веќе подолго време е на излезна врата од „Паркот на принцовите“, но во последно време се засилија шпекулациите за негово заминување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лукас не може да се избори со големата конкуренција во ПСЖ и ја промени средината во потрага по поголема минутажа.Манчестер Јунајтед будно ја следи ситуацијата и е фаворит за неговиот потпис.

„За жал, ова најверојатно е крајот на мојот престој во ПСЖ. Не верувам дека ќе останам“, изјави Лукас после синоќешниот натпревар со Нант во Лига 1.

Бразилецот пристигна во Париз во 2013 година од „Сао Паоло“ и до сега одигра 228 меча за ПСЖ на кои постигна 45 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го продава Рафиња за да се засили со играч од 50 милиони евра?

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс има откупна клаузула од 50.000.000 евра,…