Дома Трансфер зона Трансфер желбата на Мурињо се сели во Бундес лигата

Трансфер желбата на Мурињо се сели во Бундес лигата

Амбициозниот германски клуб Лајпциг е многу блиску да го донесе еден од најперспективните млади фудбалери во европскиот фудбал.

Германските медиуми потврдија дека Лајпциг веќе го договорил трансферот на 16-годишниот талент на Бефика, Умаро Емболо.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Спортскиот директор на германскиот клуб Ралф Ранкинг пред неколку дена откаптувал за Лисабон да ги финализира преговорите со ирачот од Гвинеа-Бисау. Бенфика за неговата слобода побарала 18 милиони евра, сума која Лајпциг се согласил да ја плати.

Емболо се уште нема настап за првиот тим на Бенфика, но демонстрираше огромен потенцијал со младинците во Лигата на шампиони. Силен интерес за него покажа и Манчестер Јунајтед кој сакаше да го донесе Емболо на „Олд Трафорд“.

Сепак, раководството на Лајпциг реагираше побрзо и го осигура потписот на еден од најголемите таленти во европскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…