Првиот голман на црногорската репрезентација, Небојша Симиќ сериозно се повредил на тренинг воочи патот за Загреб и нема да настапи на Европското првенство. Голманот на бундеслигашот Мелсунген има сериозна повреда на мускулот и деновиве ќе се знае точната програма на рехабилитација, но шампионатот за него заврши пред да започне.

Во ситуација кога се без Борозан и Симиќ, Црногорците сега важат за огромни аутсајдери во групата Ц, со што уште повеќе се зголемуваат шансите за пласман на Македонија во следната рунда од овој европски шампионат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ракометар на Вардар заработи суспензија на Европското првенство!

Репрезентативецот на Полска и ракометар на Вардар, Виктор Јанковски, заработи двомечна сус…