На денешната прес-коференција селекторот на Црна Гора ги кажа своите цели и амбиции за ЕП во Хрватска. Ѓукиќ и официјално потврди дека нема да смета на услугите на Вуко Борозан.

„Се наоѓаме во група со европскиот првак, со кој ќе го отвориме натпреварувањето. Во второто коло играме против Македонија, селекција која е навистина силна. Но, токму против Македонија ние ќе ја бараме шансата за победа и пласман во следната рунда. Според моменталната состојба и статусот на ракометот во Македонија, тие се фаворити, но тоа ќе треба да го докажат на теренот“, изјави Ѓукиќ на денешниот прес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Црногорците првенството во Хрватска го започнуваат со меч со бранителот на титулата Германија, додека со нашата селекција ќе се сретнат во второто коло, на 15 јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров го објави скратениот список ракометари за бараж натпреварите со Фарски Острови

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров денеска го објави скратениот список на ракометари …