Дома Трансфер зона БОМБА: Јунајтед започна преговори со ѕвездата на Челзи

БОМБА: Јунајтед започна преговори со ѕвездата на Челзи

Раководството на Манчестер Јунајтед започнало преговори со Челзи за трансфер на дефанзивецот Давид Луиз, пренесуваат англиските медиуми.

Давид Луиз повеќе не е во плановите на менаџерот Антонио Конте. Бразилецот се врати на терените во ФА Купот против Норвич, но претходно неколку месеци не беше дел од тимот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во исто време менаџерот на Манчестер Јунајтед сака да ја засили одбраната со врвен дефанзивец поради повредата на Ерик Баи, па смета дека Давид Луиз би бил идеално засилување.

Во моментов преговорите помеѓу Јунајтед и Челзи се во почетна фаза, а последниот конфликт помеѓу двата менаџери може да биде пречка за остварување на трансферот.

„Сините“ преферираат да го продадат Бразилецот во клуб надвор од Премиер лигата, но тој настојува да му биде дозволен трансфер во Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…