Дома Трансфер зона Валтер Мацари го враќа Нестор во Серија А веќе овој месец?

Валтер Мацари го враќа Нестор во Серија А веќе овој месец?

Торино неодамна го отпушти Синиша Михајловиќ, а на негово место беше доведен Валтер Мацари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат италијанските медиуми, Валтер Мацари веднаш ги истакнал своите идеи поврзани со трансферите, а помеѓу желбите на Мацари се најде и нашиот Илија Несторовски кој е вистински предводник на Палермо.

Палермо во овој момент се наоѓа на лидерската позиција во Серија Б со 39 освоени бодови и еден од главните кандидати за враќање помеѓу најдобрите во Италија.

Од Палермо истакнуваат дека имаат желба да ги задржат Несторовски и Трајковски, но тоа веројатно ќе биде тешка мисија посебно кога станува збор за Несторовски кој веќе од вториот дел од сезоната би можеле повторно да го гледаме во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…