Дома Фудбал Нов Бразилец пристигнува на „Етихад“

Нов Бразилец пристигнува на „Етихад“

„Граѓаните“ најверојатно ќе купуваат и во јануарскиот преоден рок, Гвардиола верува дека му недостасува барем уште еден дефанзивец, но сега се појавија информации дека на „Етихад“ би можел да стигне и еден фудбалер од средината на теренот.

Англиските медиуми пренесуваат дека на радарот на Сити се најде фудбалерот на Шахтјор, Фред.

Фредерико Родригез Сантос, познат како Фред, во Донјецк пристигна во 2013. година.

Полека го пронајде своето место во тимот, до сега запиша 140 настапи во дресот на актуелниот шампион на Украина и има постигнато 12 погодоци. Има одиграно шест настапи за репрезентацијата на Бразил, а сега може да го оствари трансферот на кариерата.

Сепак, во прашање се само шпекулации, до вистински контакти помеѓу клубовите воопшто не дошло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…