Дома Фудбал Англија Како после Кутињо? Ова е планот на Ливерпул!

Како после Кутињо? Ова е планот на Ливерпул!

Ливерпул конечно попушти, Кутињо се сели во Барселона. Ова денеска официјално го потврдија клубовите.

Кутињо беше лидер во тимот на Клоп и несомнено сега клубот мора да бара негова замена до крајот на преодниот рок.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Британските медиуми веќе почнаа со шпекулација околу евентуалната замена за Кутињо, а како прва трансфер цел на Клоп се споменува фудбалерот на Монако, Томас Лемар.

Овој фудбалер и летоска се поврзуваше со Ливерпул, беше на чекор и до трансфер во Арсенал, но сепак остана во Монако.

Наводно и самиот фудбалер изјавил дека сака да заигра во дресот на тимот од „Енфилд“. Лемар е незадоволен во Монако, откако од клубот си заминаа клучните фудбалери од минатата сезона.

Летоска се спомнуваше сума од 90 милиони евра, наводно Арсенал беше спремен толку да плати за неговите услуги, но Монако таа понуда ја одби во последниот ден од преодниот рок.

Сега со сигурност би прифатиле и помала понуда, бидејќи клубот не сака да има незадоволни играчи во ростерот. Останува да видиме во наредните денови како ќе се развива ситуацијата.

Покрај Лемар, како евентуална замена за Кутињо се споменува Рајан Марез од Лестер, за кој Ливерпул ќе треба да издвои не помалку од 30 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сензација во Манчестер: Тотнем ги расплака ѕвездите на Гвардиола (Видео)

Поранешниот англиски шампион Манчестер сити го доживеа првиот пораз сезонава и тоа пред св…