Дома Топ вести Трансфери во живо: Обамејанг во Кина, Кутињо утре на Камп Ноу, Ливерпул го напаѓа Марез

Трансфери во живо: Обамејанг во Кина, Кутињо утре на Камп Ноу, Ливерпул го напаѓа Марез

И во зимскиот преоден рок нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации.

-Главна трансфер вест на денот е трансферот на Обамејанг во Кина. Германските медиуми потврдија дека напаѓачот се сели во Гуангжу Евергранде за 72 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


-БОМБА ОД ШПАНИЈА: Филипе Кутињо вечерва ќе пристигне во Каталонија и утре ќе биде на трибините на „Камп Ноу“ за време на мечот Барселона – Леванте. Оваа вест ја објави мадридскиот весник „АС“, што значи дека трансферот е блиску до реализација.

– Торино ја искористи опцијата да го откупи Томас Ринкон за 9 милиони евра. Играчот минатото лето пристигна од Јувентус на позајмица за 3 милиони, а „биковите“ имаа можност да го откупат за додатни 6 милиони евра.

-Миланските гиганти Интер и Милан се во битка за потписот на играчот на Тотенхем, Муса Дембеле.

Кутињо е спремен на СЕ за да го забрза трансферот во Барселона. „Мундо Депортиво“ пренесува дека Бразилецот ќе финансира дел од трансферот од свој џеб (ОВДЕ).

-Челзи е во големи проблеми бидејќи Еден Азар ја одби и втората понуда од „сините“ за продолжување на договорот. Договорот на Белгиецот истекува во 2020 година, но тој не сака да ја продолжи верноста со Челзи бидејќи сака трансфер во Реал Мадрид.

-Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул тргнува по ѕвездата на Лестер Ријад Марез. Имено, Клоп смета дека Алжирецот ќе биде идеална замена за Кутињо и е спремен да понуди 45 милиони евра за неговиот потпис.

-„Тутоспорт“ потврди дека Сами Кедира на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели во МЛС лигата. Клубот нема да му стои на патот и покрај фактот што Германецот има договор со „бјанконерите“ до 2019 година.

-Шпанските медиуми пренесуваат дека играчот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос побарал од раководството да му дозволи да се пресели во Ливерпул. (ОВДЕ)

– Њукасл испрати понуда до Вест Хем за репрезентативниот голман Џо Харт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…