Дома Фудбал Англија ФА жестоко го казни Арсен Венгер!

ФА жестоко го казни Арсен Венгер!

Фудбалската федерација на Англија го казни тренерот на Арсенал, Арсен Венгер со три натпревари забрана за водење на екипата.

Причината за казната е тоа што менаџерот на Арсенал го навредуваше судијата после натпреварот со ВБА, кој заврши со 1:1.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Потсетуваме, „топџиите“ на тој натпревар останаа без победа бидејќи судијата Мајк Дин во самиот финиш досуди пенал за домаќините откако топката го погоди во рака Калум Чемберс.

Венгер жестоко протестираше на таквата одлука, па поради тоа нема да може да го предводи својот тим на следните три натпревари.

Приврзаниците на Арсенал жестоко реагираа на социјалните мрежи поради ваквата одлука на ФА и порачаа дека судијата Мајк Дин е тој кој што треба да биде казнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Диего Форлан е главниот „виновник“ што секое соблекување на дрес се казнува со жолт картон 🎥

Познатиот уругвајски напаѓач Диего Форлан е главниот виновник што денес секое соблекување …