Виченцо Монтела неодамна седна на клупата на Севиља, а сега би можел да ги добие двајцата фудбалери на ПСЖ кои не се во плановите на Унаи Емери.
Грегори Криховијак и Хесе Родригез би можеле во „пакет“ да се вратат на Пиринеите и тоа во тимот на Севиља.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Двајцата фудбалери беа позајмени во Премиер лигата, Криховијак во редовите на ВБА, а Хесе во Стоук.
Ниту едниот, ниту другиот не се наиграа во Премиер лигата, а како што кажавме не се ниту во плановите на Емери.
Криховијак веќе настапуваше за Севиља две години (2014-2016), додека Хесе во Шпанија го носеше дресот на Реал Мадрид и Лас Палмас.