Калиниќ минатото лето пристигна на „Сан Сиро“ како големо засилување од Фиорентина, но до сега не ги оправда очекувањата во дресот на „росонерите“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хрватот на 20 настапи оваа сезона постигна само 4 гола, меѓутоа Калиниќ е одлучен да остане и да докаже дека е играч за Милан.
Тоа го докажа и со одбивањето на богатата понуда од Кина која стигна на негова адреса. Италијанските медиуми пренесуваат дека кинески клуб му понидил 12 милиони евра по сезона, но Хрватот ја одбил понудата.
Калиниќ е одлучен да остане на „Сан Сиро“ до крајот на сезоната, а по завршување на Мундијалот не е исклучена можноста да ја промени средината.