Дома Фудбал Конте не сака незадоволни играчи во екипата

Конте не сака незадоволни играчи во екипата

Италијанскиот стручњак на клупата на Челси, Антонио Конте пред денешното гостување против Арсенал порача дека не сака да има незадоволни играчи во екипата.

Неколку фудбалери од екипата на Стемфорд Бриџ се поврзуваат со заминување од Лондон во јануарскиот преоден рок, а се чини дека Конте нема да им прави проблеми да заминат, особено што се ближи Светското првенство во Русија.

„Разбирам, некои играчи не играат стандардно прва постава, а сакаат да играат. Разбирам ако е некој загрижен за тоа што се ближи Светското првенство. Преферирам во екипата да останат играчите кои се среќни. Бидејќи, кога се несреќни тоа го пренесуваат на останатите играчи, на мене, на управата, а тоа не го посакувам. “ – изјави Конте.

Да потсетиме, од играчите кои се поврзани со заминување од тимот се дефанзивецот Давид Луиз и белгискиот напаѓач Мичу Батшуаи.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…