Дома Фудбал Манчестер Јунајтед тргнува по Тони Крос?

Манчестер Јунајтед тргнува по Тони Крос?

Според “The Express” од раководството на Реал Мадрид се подготвени да почнат преговори со Манчестер Јунајтед за трансфер на Тони Крос, со цел да соберат средства за евентуален трансфер на Нејмар.

„Кралскиот клуб“ посакува Нејмар да биде заменик за Роналдо, но и да ги спаси правилата на финансискиот фер-плеј. Истиот извор наведува дека Герет Бејл и покрај најавите за негово заминување тој најверојатно ќе остане на Сантијаго Бернабеу.

Останува да видиме како ќе се одвива целата таа „сапуница“ до крајот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија оди по нов успех во Струга, Криезиу предупредува на ситните детали

Струга и Шкендија се среќаваат во 13. коло, а Алмир Криезиу ја нагласува важноста на психо…