Дома Фудбал Англија Сагата продолжува: Првата понуда на Реал Мадрид за белгиската ѕвезда

Сагата продолжува: Првата понуда на Реал Мадрид за белгиската ѕвезда

Мадридски Реал ја подготви првата понуда за ѕвездата на лондонски Челзи, Еден Азар.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


За услугите на 26-годишниот Белгиец, Кралевите подготвија почетна сума од 135 милиони евра.

Азар е одамна желба на Реал Мадрид. Белгиецот одлучи да го одбие новиот договор кој му го понуди актуелниот англиски првак и тоа беше јасна порака дека сака да ги напушти редовите на „Плавите“.

Сумата од 135 милиони евра е првата која Реал ја понуди. Се чека одговорот на Челзи кој веројатно бара десеттина милиони евра повеќе, бидејќи Белгиецот е врзан со договор до 2020. година.

Еден Азар е член на лондонскиот тим од 2012. година. Тогаш „Плавите“ ги избра пред Реал и не погреши. Во Челзи стекна голема репутација, а одигра 274 натпревари на кои постигна 80 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѓокереш се смирил со девојката која минатото лето ја остави поради бизарна причина

Ѕвездата на Арсенал, Виктор Ѓокереш ја обнови врската со својата девојка Инес Агвиар, отка…