Еден од најдобрите фудбалери на Јувентус во последно време, доби огромна финасиска понуда од кинескиот тим Хебеи Фортун.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Марио Манџукиќ кој во Јувентус заработува 3.5 милиони евра, доби прилика во кинеската лига да стигне до заработка од 15 милиони евра по сезона, но самиот фудбалер оваа побеуда ја одбил, а веројатно ниту Јувентус не е заинтересиран за продажба на миленикот на навивачите.
Тренер на тимот на Хебеи и искусниот Мануел Пелегрини кој имаше желба да создаде напаѓачки тандем, Жервињо, Лавеци, Манџукиќ, сепак таа желба веројатно нема да му се оствари.
Хрватот има договор со Јувентус до 2020 година, а оваа сезона постигна шест погодоци на 20 настапи за „старата дама“.
Сумата која како оштета е спремен да ја плати Хебеи, на Јувентус сеуште не е откриена.