Дома Останати Азаренка го пропушта турнирот во Окленд, а излгеда и првиот Грен Слем оваа сезона

Азаренка го пропушта турнирот во Окленд, а излгеда и првиот Грен Слем оваа сезона

Белорусинката, Викторија Азаренка се повлече од турнирот во австралискиот Окленд од приватни причини, соопштија денес организаторите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Некогаш првата тенисерка на светот, со некогашниот партнер се бори за старателство над нивниот син, поради што пропушти бројни турнири во изминатите неколку месеци.

Таа не играше од јули и Вимблдон, бидејќи не сака да ја напушти Калифорнија додека не се реши случајот со старателството над синот Лео. Судот одреди дека детето мора да остане во Калифорнија до донесувањето на одлуката.

Турнирот инаку започнува на 1. јануари.

Азаренка доби специјална покана од организаторите за учество на првиот Грен Слем турнир во сезоната, Австралија опен кој стартува на 15. јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ го прогнозираше освојувачот на Мундијалот

Новак Ѓоковиќ ја сподели својата прогноза за Светското првенство, а неговиот избор ги изне…