Германскиот ветеран кој во кариерата настапуваше за Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, а оваа сезона настапува во Чикаго би можел да биде ново засилување на белградски Партизан.
Бастијан Швајнштајгер од 1 јануари во новата година е слободен фудбалер и желба на неколку клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесуваат голем број медиуми, Швајнштајгер би можел својата кариера да ја продолжи во соседдството и тоа во редовите на Партизан.
Сопругата на Бастијан, Ана Ивановиќ е голема навивачка на Партизан и токму таа би била најзаслужна доколку Германецот го облече дресот на црно-белите.
Партизан избори настап во нокаут фазата од Лигата на Европа, а тоа сигурно би бил дополнителен мотив за германскиот Ветеран.
Треба да се истакне и дека Швајнштајгер неодамна присуствуваше на кошаркарското дерби помеѓу Партизан и Црвена Звезда.