Дома Топ вести Барса го сака Кутињо, Меси се противи: Го сакам овој фудбалер!

Барса го сака Кутињо, Меси се противи: Го сакам овој фудбалер!

Шпанските медиуми пренесуваат дека повторно има недоразбирања на релација Меси – Барселона, а причината се трасферите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, „Дон Балон“ пренесува дека има несогласување околу тоа кого Барселона треба да донесе како засилување за средниот ред.

Меси има желба на „Камп Ноу“ да го види неговиот сонародник Хавиер Пасторе, кој во јануари најверојатно ќе го напушти ПСЖ. Од друга страна пак раководството е насочено кон трансферот на Кутињо од Ливерпул.

Барса уште еднаш ќе се обиде во зимскиот преоден рок да го донесе Бразилецот, а доколку не успее нема да ангажира никого на таа позиција до следното лето.

Токму тука е недоразбирањето, бидејќи Меси сака да го види Пасторе во Барселона уште оваа зима.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…