Дома Топ вести Меси пред „Ел Класико“ ја доби наградата именувана по легендата на Реал!

Меси пред „Ел Класико“ ја доби наградата именувана по легендата на Реал!

Шпанската „Марка“ денес организираше церемонија на која ги доделуваше наградите за најдобрите од минатата сезона.

Најдобриот стрелец Лео Меси го доби трофејот „Пичичи“ трофеј кој го доби името по напаѓачот на Атлетик Билбао кој за овој клуб настапуваше минатиот век и на 89 натпревари постигна дури 83 погодоци. Почина на само 29 години, но неговото име стекна голема слава со овој престижен трофеј.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Покрај тоа „Марка“ ја додели и наградата за најдобар фудбалер во сезоната, а оваа награда исто така ја освои Лионел Меси и покрај тоа што Реал Мадрид го освои првенство. Меси во минатата сезона постигна 37 погодоци и запиша девет асистенции, додека неговиот најголем ривал Роналдо застана на 25 голови и шест асистенции.

Интересно, трофејот за најдобар играч на Ла Лига го носи името на легендата на Реал, Алфердо Ди Стефано кој таму настапуваше 11 години и на 282 лигашки натпревари постигна 2016 голови.

Да потсетиме, идната сабота се игра големото „Ел Класико“ со почеток од 13:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…