Вардар повторно е осамен на челната позиција во Б групата, во ракометаната лига на шампиони, откако во дербито на шестото коло го совлада европскиот првак Кјелце 40-34.
Кјелце , против мотивираниот тим на Раул Гонзалес имаше егал нецели 40 минути, потоа не успеа да да го испрати ритамот на „црвени-црните“. Одбраната предводена од Штербик и беспрекорниот напад ја направија разликата во овој натпревар.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Одигравме против европскиот шампион со голема мотивација. Првиот дел не го одигравме најдобро, не успевавме да ги задржиме во нападот Агинагалде и Бомбач. Вториот дел беше подобар, Штербик имаше неколку одбрани, реализиравме неколку контри. Штерби, Карачиќ и Душебаев одиграа добар меч“, рече по мечот Раул Гонзалес.
Вардар на оваа средба го предводеа Карачиќ со перфектна реализација и девет постигнати гола, а по еден помалку реалзиираа Дибиров и Душебаев.