Дома Фудбал Италија Видео: Играчот на Беневенто е ХИТ – Неспретен потег, мајсторија, па волеј од половина терен…

Видео: Играчот на Беневенто е ХИТ – Неспретен потег, мајсторија, па волеј од половина терен…

Главен лик во оваа приказна е фудбалерот Гаетано Летици.

Симпатичниот Беневенто продолжува да реди порази во Серија А. После спектакуларно освоениот бод против Милан, повторно се вратија на старите патеки и сега имаат 16 порази на 17 натпревари.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во натпреварот против СПАЛ се истакна бекот Гаетано Летици кој на стартот од натпреварот направи еден добар продор, но беше неспретен и падна, иако никој не беше покрај него, но веќе во следниот момент се исправи со два маестрални потези во стил на голем мајстор.

Тоа не беше се од него во овој натпревар. Во второто полувреме беше на чекор од еврогол! Во стилот на Дејан Станковиќ скоро од половина терен зафати волеј при лошото избивање на голманот и го лобуваше, меѓутоа сепак немаше среќа да погоди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во судирот меѓу аргентински и чилеански навивачи 19 повредени 3 мртви

Невидено насилство го одбележа натпреварот во Буенос Аирес помеѓу Индепендиенте и Универси…