Кливленд ја забележа 18-та победа на последните 19 меча, а најзаслужен за тоа секако беше Леброн Џејмс.
„Кралот“ во победата на својот тим над Вашингтон од 106-99 учествуваше со нов „трипл-дабл“, негов трет во низа. Леброн запиша скор од 20 поени, 15 асистенции и 12 украдени топки, а голема помош доби од Кевин Лав кој со 25 поени беше најпрецизен во редовите на Кливленд. Кај поразената екипа се истакна Бредли Бил со 27 поени.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
На останатите натпревари Индијана беше подобра од Бруклин (109:97), додека Детроит славеше против Орландо со резултат од 114:110. Торонто Рапторс го совладаа Сакраменто Кингс со резултат од 108:93.