Дома Фудбал Италија Верати: Ниту еден фудбалер не вреди 100 милиони!

Верати: Ниту еден фудбалер не вреди 100 милиони!

Ѕвездата на ПСЖ и италијански репрезентативец, Марко Верати смета дека ниту еден фудбалер на светот не вреди 100 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Верати се поврзува со трансфер во неколку европски гиганти кои се спремни да платат 60-70 милиони евра за неговиот потпис. Медиумите тврдат дека раководството на ПСЖ за негова слобода бара 100 милиони евра.

„Никој фудбалер не вреди 100 милиони евра. Лично јас започнав од самото дно и сметам дека е лошо што толку големи пари се во игра. Никој не вреди толку, затоа што еден играч не значи ништо“, истакна италијанскиот репрезентативец.

Марко Верати во редовите на ПСЖ пристигна од италијанска Пескара и се етаблираше како еден од најдобрите плејмејкери во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

(Видео) Бразилците завршија сè во првото полувреме, сега се чекаат вести за Рафиња

Селекцијата на Бразил ноќеска во Филаделфија ја запиша првата победа на годинашниот Мундиј…