Дома Топ вести Челзи со луда понуда за ѕвездата на ПСЖ – 60 милиони плус Фабрегас!

Челзи со луда понуда за ѕвездата на ПСЖ – 60 милиони плус Фабрегас!

Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи се вклучил во трката за потписот на Марко Верати и спремил „луда“ понуда до Пари Сент Жермен.

Верати влезе во конфликт со тренерот Унаи Емери и се погласни се шпекулациите дека на крајот на сезоната ќе го напушти „Паркот на Принцовите“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Многу европски гиганти се интересираат за неговиот потпис, а Антонио Конте сака по секоја цена да го донесе на „Стенфорд Бриџ“.

Имено, англиските медиуми пренесуваат дека „сините“ спремиле понуда од 60 милиони евра плус услигите на Цеск Фабрегас кој се проценува на околу 20 милиони евра.

Тешко дека ПСЖ ќе се согласи да го пушти својот плејмејкер, особено поради фактот што имаат економска моќ да ја одбијат секоја понуда, но можно е самиот Верати да инсистира на промена на средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …