Дома Македонски спорт Одбојкарите во група со Австрија, Летонија и Косово

Одбојкарите во група со Австрија, Летонија и Косово

Македонската одбојкарска репрезентација денес ги доби Австрија, Летонија и Косово за противници во новата сезона од Европската лига.

Нашите репрезентативци за првпат ќе играат со Косово и Летонија, додека со Австрија имаат играно минатата сезона, кога победивме во полуфиналето.

Европската одбојкарска федерација дополнително треба да го одреди системот на натпреварување за оваа сезона и распоредот.

Во изминатите три години Македонија секогаш стигнуваше до финалето но не успеа да дојде до златото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Штип пред домашно деби во ЛШ: Орион доаѓа со три сета предност

Штип УГД вечерва од 18 часот го пречекува Орион Старс во квалификацискиот реванш. Македонс…