Дома Кошарка Лапровитола со шест тројки до идеалната петорка во Лигата на шампионите

Лапровитола со шест тројки до идеалната петорка во Лигата на шампионите

Лапровитола со шест тројки до идеалната петорка во Лигата на шампионите

Шест погодени тројки му донесоа на Николас Лапровитола место меѓу петтемина најдобри во петтиот неделен избор на кошаркарската Лига на шампионите. Покрај него, во идеалниот состав се Амин Нуа, Нефтали Дифуиди, Карл Чавис и Зак Фриментл.

Аргентинецот беше прецизен во шест од девет обиди зад линијата за три поени и заврши со 23 поени на гостувањето кај Порто. Хувентуд победи со 81-64 и ја продолжи серијата без пораз.

Најефикасен меѓу избраните беше Нуа. Со 27 поени и пет скока тој ѝ помогна на Уникаха да ја совлада Реџана со 99-94, за учинок од три победи во исто толку натпревари.

Дифуиди, пак, си подари одлична партија за 25. роденден. Во триумфот на Стразбур над Цибона од 95-70 запиша 23 поени, осум скока, шест асистенции, две украдени топки и една блокада, со индекс на корисност 29.

Место во петорката доби и Чавис, чиј Салон Вилпас го запре победничкиот поход на Антверпен. Белгискиот шампион го претрпе првиот пораз сезонава во сите натпреварувања, со 77-69, а Чавис придонесе со 23 поени, пет скока и три асистенции.

Фриментл беше еден од клучните играчи во победата на Легија Варшава над Галатасарај од 79-72. Тој постигна 23 поени, со десет погодоци од 15 обиди од игра.

Гласањето за играч на неделата е отворено, а победникот ќе биде соопштен во петок на социјалните мрежи на натпреварувањето.

Фото: Eurohoops

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ му даде 40 на Сакраменто, Лавин порача: Не го ценат доволно!

Лејкерс славеа со 116-103 во Сакраменто, а Зак Лавин по мечот го вброи Лука Дончиќ меѓу на…