Дома Моторспорт Бузалковски испиша историја: Европски вицешампион и прием кај Ристовски

Бузалковски испиша историја: Европски вицешампион и прием кај Ристовски

Бузалковски испиша историја: Европски вицешампион и прием кај Ристовски

Христијан Бузалковски ја заврши сезоната со резултат каков што досега немал македонскиот мотоциклизам. Второто место во вкупниот поредок на ФИМ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам му ја донесе европската вицешампионска титула.

По историското достигнување, македонскиот мотоциклист денеска беше на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски, кој му честиташе за сезоната и за пласманот на европскиот врв.

Ристовски го оцени резултатот како значаен и за Бузалковски лично и за домашниот мотоспорт. Тој порача дека ваквите достигнувања треба да добијат соодветно признание и поддршка, а Министерството ќе работи на обезбедување услови за напредок на спортистите што ја претставуваат Македонија во меѓународни натпреварувања.

Бузалковски, пак, ја нагласи важноста на поддршката од Ристовски и од Министерството во неговата кариера. Заблагодарувајќи се за приемот, посочи дека таа имала значајна улога и на патот до европското второ место.

Од Министерството беше потврдена определбата да продолжи поддршката за спортистите чии резултати ја промовираат Македонија во Европа и во светот.

Фото: Република

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Антонели пред историска шанса во Мексико, но вирус му го наруши стартот на викендот

Кими Антонели во Мексико може да стане најмладиот шампион во Формула 1, но поради вирусна …