Дома Топ вести Рамос му порачал на Перез – Тој не е добродојен во Реал!

Рамос му порачал на Перез – Тој не е добродојен во Реал!

На негово место капитенот на Реал би сакал да го виде Пјер Емерик-Обамејанг.

Во последно време многу се зборува за преминување на Мауро Икарди во Реал. Аргентинскиот напаѓач игра одлично во Интер, а многумина токму во него гледаат решение на проблемите во нападот на „кралевите“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалски таблоид „Дон Балон“ пренесува дека капитенот на Реал Мадрид јасно му порачал на претседателот на клубот Флорентино Перез дека Икарди не е добродојден во клубот.

На Аргентинецот му се замерува за тешкиот карактер надвор од теренот, како и сите скандали поврзани за него и неговата сопруга Ванда Нара.

Наместо него, Рамос се обидува да го убеди Перез, Реал да тргне по Пјер Емерик-Обамејанг кој минатото лето јавно изрази желба за доаѓање во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…