Дома Кошарка Мега во нов кошаркарски проект: АТЛАС спојува 11 екипи од два континента

Мега во нов кошаркарски проект: АТЛАС спојува 11 екипи од два континента

Мега доби нова меѓународна сцена за своите кошаркари до 19 години. Клубот официјално е меѓу 11-те учесници во АТЛАС, нова лига во која ќе се сретнат елитни младински програми од Европа и Северна Америка.

Наместо класичен распоред со домашни и гостински натпревари, натпреварувањето ќе се одвива преку серија турнири. Во лигашкиот дел се предвидени вкупно 55 средби, а завршницата ќе се одржи во Канада.

Првата станица е Брејдентон на Флорида, каде што ќе се игра од 11 до 13 ноември. Потоа следува европскиот дел од календарот, со турнири во Италија и во Литванија, пред екипите повторно да се преселат во Северна Америка.

  • Брејдентон, САД: 11–13 ноември
  • Варезе, Италија: 14–16 декември
  • Каунас, Литванија: 4–8 јануари 2027
  • Феникс, САД: 18–20 февруари
  • АТЛАС финале во Торонто, Канада: 4–7 март 2027

Покрај Мега, европската група ја сочинуваат литвански Жалгирис, германски Улм и италијанските Варезе и Оранџ1 Басано. Од Северна Америка ќе настапуваат ДМЕ Академи, ИМГ Академи, Оринџвил Преп, Пролифик Преп, Спајр Академи и Санрајз Кристијан.

За младите кошаркари на Мега, овој формат носи можност за директно одмерување на силите со квалитетни врсници од двата континента, во натпреварување што ќе кулминира со мартовскиот завршен турнир во Торонто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Партизан доби две засилувања, но Пењароја предупредува: Потребно е трпение!

Ривс и Френкс се регистрирани за Евролигата, но тренерот на Партизан не очекува веднаш да …