Тимот на Челзи наскоро би можел направи промена голманската позиција.
Според последните најави од Англија, Челзи е спремен да го доведе голманот на Стоук, Џек Бутланд, после информациите дека Тибо Куртоа не сака да го продолжи договорот со клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Куртоа истекува во летото 2019 година, но и тоа како добро знае за интересот на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.
На крајот од сезоната на Куртоа ќе му остане уште една година од договорот со Челзи, па тој би можел да замине без оштета, пишува „Дејли Мејл“.
Поради тоа во Челзи веќе се подготвуваат за негова замена, а 24 годишниот Бутланд кого го посакуваа уште во 2013 година кога го носеше дресот на Бирмингем изгледа како идеално решение.
Со текот на времето тој прерасна во еден од најдобрите голмани во лигата и сега неговите амбиции се зголемени.
Кога во прашање е цената, Стоук сигурно нема да го пушти за сума пониска од 30 милиони фунти.