Дома Кошарка Никола Јокиќ со магичен потег во НБА пресезоната

Никола Јокиќ со магичен потег во НБА пресезоната

Започнаа пресезонските натпревари во НБА лигата, а Никола Јокиќ и неговиот тим, Денвер Нагетс, се соочија со Јута Џез. И покрај поразот од 109:97, Јокиќ го украде шоуто со еден спектакуларен потег кој го обиколи светот.

Во текот на натпреварот, Јокиќ изведе неверојатен пас зад грб, кој помина покрај тројца дефанзивци и заврши во рацете на Камерон Џонсон во корнерот, кој погоди тројка. Овој потег на Јокиќ беше веднаш споделен од официјалниот профил на НБА на социјалните мрежи, со коментар: „Зад грб. Зад тројца дефанзивци. Од основната линија. Никола Јокиќ, луѓе!“

Јокиќ одигра само 14 минути во овој натпревар, но успеа да постигне три поени, да забележи три скока и да подели седум асистенции. Овој потег уште еднаш го потврди неговиот статус како еден од најкреативните играчи во лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Бостон постигна 26 поени, но Лојд и Ефес ја однесоа победата од Трабзон

Анадолу Ефес славеше со 77-70 кај Трабзонспор, предводен од Џордан Лојд со 21 поен. Дарио …