
ФЕРНАНДО АЛОНСО потпиша нов договор со Астон Мартин и ќе продолжи да вози во Формула 1 и во 2027 година. Британскиот тим потврди дека 45-годишниот Шпанец ја продолжил соработката, како и неговиот тимски колега Ланс Строл. Точниот период на новите договори не е објавен.
Алонсо така следната година ќе продолжи со рекордно долгата кариера во Формула 1. Двократниот светски првак, во јули 2027 година ќе наполни 46 години, а Астон Мартин со неговиот потпис прекина неколкумесечни шпекулации за тоа дали ќе продолжи да вози по крајот на тековната сезона.
“Многу сум среќен што потпишав нов договор со Астон Мартин. Зедов време за оваа одлука, но трките се мојот живот и мојата страст. Знам дека сè уште сум брз и имам решителност неопходна за натпреварување на највисоко ниво”, изјави Алонсо.
“На долг рок сум посветен на овој тим и сакам да му помогнам да успее. Навистина верувам во тоа што го градиме. Имаме силно раководство, неверојатни луѓе, партнери и инфраструктура”, додаде двократниот светски првак.