
Килијан Мбапе се соочи со повреда на коленото, а денеска пристигнаа информации од Мадрид дека до крајот на денот навивачите ќе добијат многу непријатни вести.
Французинот уште утринава отпатува во Мадрид за детални прегледи, а инсајдерите веќе објавија дека прогнозите се неповолни.
Иако нема официјална потврда, се предвидува дека Мбапе нема да може да игра на “Ел класико” кој е закажан за 25 октомври.
Мадридските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид ќе излезе со соопштение по 17:00 часот, откако Мбапе ќе ги заврши сите медицински тестови.
Ова несомнено претставува голем удар за Жозе Мурињо, особено бидејќи Реал Мадрид веќе има заостаток од шест бодови зад Барселона.
Мбапе е најдобриот стрелец на Реал Мадрид со осум постигнати голови сезонава, заедно со две асистенции.
Очекуваме официјални потврди, но според актуелната ситуација, Мбапе го очекува подолга пауза…