Дома Фудбал Зидан задоволен по првиот натпревар: „Имаше многу емоции, го одигравме натпреварот што ни требаше“

Зидан задоволен по првиот натпревар: „Имаше многу емоции, го одигравме натпреварот што ни требаше“

Зинедин Зидан не го криеше задоволството по првиот натпревар, истакнувајќи дека неговиот тим одиграл токму онака како што било потребно.

„Имаше многу емоции. Ова е успешен прв натпревар!“, изјави Зидан по мечот.

Легендарниот Французин беше особено задоволен од начинот на кој неговите избраници му пристапиле на натпреварот, посочувајќи ја високата пресинг-игра и реакцијата по освоената топка.

„Го одигравме натпреварот што ни требаше. Не му дозволивме на противникот да игра, излеговме високо и вршевме пресинг… А кога ќе ја освоевме топката, го правевме она што беше потребно“, истакна Зидан.

Иако тимот зад себе имал само три и пол тренинзи, Зидан вели дека забележал голем број позитивни работи.

„Видов многу интересни работи, иако имавме само три и пол тренинзи. Задоволен сум од тоа што го покажаа!“, додаде Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Родри открива: „Методите на Ханси Флик се ЦЕЛОСНО РАЗЛИЧНИ од оние на Гвардиола“

Родри зборуваше за разликите во работата меѓу Ханси Флик и Пеп Гвардиола, истакнувајќи дек…